„Ако не беше Лука Дончиќ, сега немаше да бидам меѓу живите!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лука Дончиќ пристигна во Далас маверикс во 2018 година, а иако не е долго време во НБА-лигата, сепак на многумина им служи како мотивација и инспирација.

Еден од таквите е Колин Кејбл, 33-годишен маж, кој живее во Тексас каде што се вратил по обидот да се занимава со музика во Њујорк.

Поради стрес станал зависник и месечно трошел повеќе од 1.000 долари на дрога, а сега открива дека токму Словенецот му го спасил животот.

„Дрогата го зема мојот брат и почнав да се плашам. На некој начин, ова беше негов најголем и најважен чин. Имав 31 година и бев сам. Трезен, но поразен. Жив, но само во биолошка смисла. Повеќе ништо не беше важно. А потоа пристигна Дончиќ. Еден од последните разговори со мојот брат се случи откако тој потпиша за Далас. Мојот брат беше воодушевен, но никој не знаеше дека тоа ќе биде последна заедничка работа на која ќе се воодушевуваме. Ми помогна тоа што го следев Дончиќ. Почнав да ги поправам врските кои ги уништив поради зависност“, открива навивачот.