Експлозија на хрватскиот бисер: Никој не очекуваше, но тој е веднаш зад Модриќ!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Според мислењето на многумина, Иван Перишиќ во последните пет години, откако дебитираше во 2011 до денес е еден од најдобрите хрватски репрезентативци, тоа е играч кој констатно игра добро без осцилации.

Во репрезентацијата на Хрватска има играчи кои достигнаа поголема вредност и кои се многу повеќе признати во Европа (Лука Модриќ, Иван Ракитиќ, Марио Манџукиќ…), но кога во прашање е репрезентацијата, тогаш Перишиќ е број еден.

Пред почетокот на ЕП најави:

“На Европското првенство ќе го видите најдоброто од Иван”.

И навистина е така сите се воодушевени од настапите на Модриќ кој е вистински лидер на репрезентацијата, сепак веднаш зад “малиот волшебник”, сите признанија одат на сметка на Перишиќ.

Перишиќ кариерата ја започна во Пољуд, а потоа замина во странство. На неговите почетоци многумина беа скептични кога во прашање е неговиот талент и достигнувањата. Сепак тој не се откажуваше на почетокот сам, но потоа со помош на својот менаџер Тонч Мартич реализираше низа трансфери од кои најголем беше последениот од Волфсбург во милански Интер за 16 милиони евра.

Во летото 2006 година кога Перишиќ имаше 17 години тогашниот тренер на Хајдук го поведе на припреми во Словенија со првиот тим, но клупската управа наместо професионален договор му понуди степендиски и тука заврши неговата љубов кон Хајдук. Во тоа време таткото на Перишиќ западна во некои работни проблеми, па за да се извлече тие мораат да ја прифатат понудата од француски Сошо. Французите за Перишиќ платија околу 300.000 евра.

После промената на тренерот на Сошо кој имаше огромна доверба во Перишиќ, Хрватот падна во трет план, па во есента 2009 година замина на позајмица во белгиски Роесаларе, каде што практично сам со своите голови го одржа клубот во првата лига. Следеа две нови преселби Бриж (трансфер од милион евра), Борусија Дортмунд (шест милиони евра), Волфсбург (осум милиони евра) и на крајот Интер…

Интересно е што Перишиќ после истекот на договорот со Сошо, односно Роесларе, сакаше да се врати на Пољуд, но тоа не се случи бидејќи од хрватскиот клуб инсистираа на четиригодишен договор, додека играчот бараше тригодишен. Залудно тогашниот скаут на “белите”, Дражан Мужиќ го убедуваше, дури и го молеше спортскиот директор на Хајдук.

Настапуваше за младите селекции на Хрватска, а во А репрезентацијата доби повик од Славен Билиќ кој не можеше да остане имун на неговите одлични настапи за Бриж и подоцна во Борусија Дортмунд.
Перишиќ многу емотивно ги доживеа последните инциденти од натпреварот против Чешка, со сите сили ги молеше хулиганите да престанат, интервенираше кај наредникот на обезбедувањето да влезат на трибината и да ја растурат бандата, на крајот не му остана ништо друго освен во солзи да ја признае својата немоќ.