Баерн Минхен заинтересиран за играчот кој блеска во дресот на Брајтон


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Од таборот на Баерн Минхен се заинтересирани во овој преоден рок да го ангажираат младиот десен бек на Брајтон, Тарик Лампти.

Лампти блеска во дресот на англискиот премиерлигаш и со своите настапи го привлече вниманието на поголемите екипи.

Младиот фудбалер во јануари си замина од Челси и за сума од четири милиони фунти направи трансфер во Брајтон каде одлично се пронајде и сега е мета на европскиот шампион.

Ханси Флик сака да има адекватна замена за Бенџамин Павар на десната бековска позиција, а Тарик Лампти совршено одговарал на неговите барања.