Бројката на заразени фудбалери во Ливерпул се искачи на – три!


Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Ливерпул потврди дека имаат и трет случај на ковид-19 во екипата, а тоа е Џердан Шаќири, кој направил тестирања во Швајцарија, каде што требаше да се приклучи на репрезентацијата.

Ливерпул досега имаше два случаи на корона во тимот, а пред Шаќири се заразија Садио Мане и Тијаго Алкантара.

Позитивна вест за шампионот е тоа што следи репрезентативната пауза, па до следниот меч, односно дербито против Евертон во Премиерлигата би можеле сите тројца да се вратат во екипата.