Навивачите загрижени: Ѓоковиќ има проблеми пред дуелот со Циципас

Новак Ѓоковиќ со победа против Стефанос Циципас ќе избори ново финале на Ролан Гарос. Сепак, српскиот тенисер пред полуфиналниот меч треба да биде загрижен затоа што има повреда на вратот и левата надлактица.

Матс Виландер, аналитичарот на „Еуроспорт“ вели дека повредата на Ѓоковиќ е загрижувачка за сите фанови.

„Мислам дека не сака да му покаже на противникот дека чувствува болка. Тоа е повреда која ќе биде присутна во полуфиналето и ако нема добар почеток, тоа може да претставува проблем. Очигледно му требаше некое време да го загрее телото, а така ќе биде и во полуфиналето, и повторно во финалето“, вели Виландер.

Ѓоковиќ пред денешниот дуел тренираше само во вечерните часови.