Срамни сцени во Русија: Тенисер му викаше на судијата, па почна да се заканува…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На АТП-турнирот во Санкт Петербург беше забележан неверојатен инцидент меѓу Илја Ивашка и Адријан Манарино. Белорусинот победи со 2-0, но за малку ќе го напуштеше мечот.

Ивашка при водство од 3-2 на Французинот во првиот сет, побара да оди во тоалет, а тоа судијата му го одобри. Единствен услов беше Белорусинот да биде брз.

Откако се врати на теренот, судијата го извести дека не бил доволно брз и му го одзема гемот, по што Белорусинот се налути.

„Барав медицински тајм-аут“, кажа Ивашка.

„Времето за медицински тајм-аут не може да се користи за тоалет“, му објасни судијата.

„Какви се тие правила? Тоа не е нормално. Како е ова можно? Нема да играм, ова е смешно“, се изнервира Ивашка.