Каков почеток на „Гудисон“: Ливерпул за само 135 секунди ја затресе мрежата на Евертон ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денеска имаме возбудлив викенд затоа што на програмата се неколку дербија од фудбалските лиги, а веќе беше постигнат и првиот гол на дербито меѓу Евертон и Ливерпул во англиската Премиерлига.

Ливерпул имаше одлична акција на стартот на првото полувреме, откако Робертсон го пронајде Садио Мане во казнениот простор на Евертон, а тој ја смести топката во мрежата на „карамелите“.

Ова е одлична најава за дербито и што може да очекуваме од него, со оглед на тоа дека на сите им е познато ривалството меѓу екипите од Ливерпул.

Евертон одлично ја почна сезоната и запиша четири победи на четири меча, додека шампионот има девет бодови по четири кола.