Леброн и Дејвис добиваат засилување: Роуз ќе потпише за Лејкерс


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Лос Анџелес Лејкерс по десет години повторно ја освои титулата во НБА-лигата, но за нив нема одмор и работат на нови засилувања.

Леброн Џејмс и Ентони Дејвис ќе добијат засилување, а трета ѕвезда на тимот треба да биде Дерик Роуз од Детроит пистонс.

Медиумите пишуваат дека Лејкерс е во одлична позиција да го ангажираат 32-годишниот кошаркар, кој беше најмлад МВП во регуларниот дел од сезоната во историјата на НБА-лигата и човек кој зад себе има две тешки повреди на коленото.

Поранешниот член на Чикаго булс во просек постигнува по 18,1 поен, 5,6 асистенции и 2,4 скокови по натпревар и покажа дека може уште да игра на врвно ниво.