Во план е ново натпреварување: Кои клубови добија повик за „европската Премиер лига“?

Веста дека големите европски клубови во соработка со Светската фудбалска федерација (ФИФА) тргнаа во формирање на европска Премиер лига предизвика големи реакции.

ФИФА даде поддршка за формирање на такво натпреварување и реши да го намали влијанието на УЕФА на светскиот фудбал, а „Скај Спорт“ вчера објави дека лигата би можела да почне од 2022 година.

Нејзиното формирање на некој начин би значело и крај за Лигата на шампиони, а голем број гиганти од европскиот фудбал се подготвени да играат во натпреварувањето.

Листата на потенцијални учесници е импресивна и е составена од: Ливерпул, Манчестер јунајтед, Арсенал, Челси, Манчестер сити, Тотенхем, Барселона, Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус и Баерн Минхен и има можност за проширување.

Засега овие 12 тимови се во игра за создавање на лигата, но УЕФА јасно порача дека е против формирање на ваква лига.