Клоп откако се повреди Фабињо: Е уште ова ни требаше…


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Ливерпул ги освои трите бодови во Лигата на шампионите дома против дански Мјитиланд, но тренерот Јирген Клоп има главоболки по овој дуел.

Имено, на овој меч се повреди Бразилецот Фабињо кој принудно поради повредите на останатите стопери игра централно во одбраната. Фабињо поради повредата мораше да ја напушти играта во 30. минута, а на негово место влезе Вилијамс.

Клоп после мечот од новинарите беше запрашан за оваа ситуација.

„Ова беше нешто што најмалку ни требаше во овој момент. Се пожали на болка во тетивата и тоа не е добро. Ми кажа дека ќе може да игра, но без спринтови, тоа не беше соодветно. Ќе видиме што ќе покажат дополнителните прегледи“, изјави Клоп после триумфот на Ливерпул.