Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Светската фудбалска федерација (ФИФА) во соработка со Ливерпул и Манчестер јунајтед почнале проект, според кој треба да се формира европска Премиер лига или позната како Суперлига, која ќе се игра од 2022 година.
Европската Суперлига ќе ги вклучува најголемите европски клубови, кои за почеток ќе имаат на располагање финансиски проект од 6 милијарди евра.
Целиот проект го поддржува ФИФА, а моментално се водат преговори со повеќе од 12 клубови од Англија, Италија, Шпанија, Германија и Франција.
Се очекува лигата да брои 18 клубови и да се игра во „класичните термини за европски фудбал“, а почетокот е планиран за 2022 година.
Весникот „АС“ во денешното издание ја откри листата на клубови кои ќе ја сочинуваат Суперлигата.
Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем од Англија, потоа Барселона, Реал Мадрид и Атлетико Мадрид од Примера, како и ПСЖ, Јувентус, Милан, Интер и Баерн Минхен.