Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лука Дончиќ за две години во НБА-лигата успеа да се прослави и да стане еден од најдобрите кошаркари во лигата, а сега реши да се поднови со луксузна вила во Далас, каде што планира да живее.
Тоа го откри агенцијата за продажба на недвижнини, а се шпекулира дека Дончиќ за преубавата вила со голем базен платил 2,7 милиони долари.
Преубавата вила има 500 квадратни метри, а изградена е во 1984 година, по што потоа е прилагодена за живот во 21 век.
„Дончиќ има одличен вкус за недвижнини. Во јуни, додека излегувавме од домашен карантин поради пандемијата, 21-годишниот Лука се заљуби во овој дом“, соопштија од агенцијата.