Марадона итно заврши во болницата во Ла Плата


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона минатата вечер бил примен во болницата во Ла Плата., откако најверојатно му се влошила здравствената состојба.

Во овој момент нема конкретни информации поради што легендарниот Марадона е хоспитализиран во болницата. Марадона инаку изминатите неколку дена беше во центарот на вниманието по повод неговиот 60. роденден.

Медиумите шпекулираат дека не е во прашање коронавирусот и дека Диего има други проблеми.

Дека Марадона не е во најдобро здравје можеше да се види и во дуелот помеѓу Химназија и Патронато кога му беше приредено роденденско изненадување, а неговиот тим славеше со 3:0.

На овој дуел Марадона не можел да се движи сам и едвај ги поздравил фановите.