Состојбата на Марадона е критична - мора да оди на итна операција!

Аргентинските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Диего Марадона се влошила. Наводно, тој има крварење во мозокот, поради што мора да оди на итна операција.

Марадона е примен синоќа во болница во Ла Плата поради непотврдени здравствени проблеми, а неговиот син објасни за што станува збор.

„Мојот татко е хоспитализиран зашто минува низ емотивни проблеми. Не постои физички болест поради која е во болница. Направи многу грешки во животот и многумина му ги простија, но тој и понатаму не се чувствува добро. Се соочува со тоа што се случи во минатото. Работите се поправаат, но тоа се случува полека. Мојот татко е во болница, зашто падна пред историјата“, открива синот на Марадона“, кажа синот на Марадона.

Сепак, ситуацијата на легендарниот фудбалер е многу лоша во моментов.