Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Диего Марадона вчера итно беше префрлен во боница затоа што не се чувствуваше добро, а прегледите покажаа крварење во мозокот.
Од тимот на Марадона открија дека тој имал хематом на мозокот кој се создал откако легендарниот фудбалер ја удрил главата.
Докторите биле свесни дека Марадона мора да оди на итна операција, а тоа го откриле и на неговото семејство. Аргентинските медиуми објавија дека операцијата траела час и половина, по што Аргентинецот се разбудил.
„По час и пол операција го решивме проблемот на Диего. Операцијата мина во најдобар ред. Се разбуди по операцијата и тоа е голем чекор кон целосна рехабилитација. Ќе останеме да го следиме неговото здравје неколку дена, а потоа ќе видиме како се чувствува. Хематомот е отстранет“, вели хирургот.