Солскјер обвини: Сè беше наместено само за да паднеме!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Манчестер јунајтед вчера победи со 3-1 против Евертон, но тоа беше тежок испит за „црвените ѓаволи“, кои на крајот успешно го минаа.

По незгодниот пораз во Лига Европа во Турција, Јунајтед дојде изморен, а тренерот Оле Гунар Солскјер обвини дека раководството на лигата намерно наместила неговиот тим да загуби.

„Времето на натпреварот беше наместено за ние да паднеме. Ние игравме во Турција, имавме многу натпревари сезонава, дури во четвртокот стигнавме дома, а во саботата повторно игравме. Тоа е катастрофа“, вели Норвежанецот.

Норвешкиот стратег кажа дека неговиот клуб побарал промена на терминот.

„Играчите не се роботи, тие се луѓе. Зарем беше проблем да играме во недела? Во сите клубови имаме многу повреди, но никој не се грижи за тоа“, додаде Солскјер.