Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо го понуди на Челси италијанскиот десен бек Матеа Дармијан во замена за српскиот фудбалер Немања Матиќ.
Како што се наведува, Поргугалецот сака подруг бек од Дармијан, кој, од друга страна, одлично се вклопува во филозофијата на новиот менаџер на Сините Антонио Конте, кој некогашниот фудбалер на Торино го повика и во репрезентацијата на Италија.
Конте првобитно сакаше да го ангажира капитенот на швајварската репрезентација Стефан Лихштајнер, кој го губи местото во Јувентус со доаѓањето на Дани Алвеш, но тешко дека финансиски може да парира на Сити и Пеп Гвардиола.
Истотака, потрагата за десен бек значи и дека Бранислав Ивановиќ ќе остане на позиција стопер кој играше во вториот дел од претходната сезона.