Лејкерс во битка со Бостон и Клиперс во борба за кошаркар на Торонто

Американските медиуми пишуваат дека Торонто репторс наскоро ќе остане без услугите на шпанскиот кошаркар Серж Ибака.

Ибака ќе се најде на пазарот на слободни агенти, а за неговите услуги се заинтересирани неколку клубови, меѓу кои се и актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерси.

Освен Лејкерс, интерес за Ибака покажуваат уште тимовите на Бостон селтикс, Лос Анџелес клиперс, Мајами хит, Далас маверикс и Портланд трејл блејзерс.

Ибака е член на Торонто уште од 2017 година, а со клубот ја освои титулата, додека во кариерата настапуваше уште за Оклахома, Реал Мадрид и Орландо.