Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Диего Марадона беше примен во болница поради лекување од зависност од алкохол, откако претходно имаше опрација на главата, каде што имаше хематом.
Аргентинецот беше пуштен од болница во текот на вчерашниот ден, но сега ќе мора да оди на друго лекување, кое му го загрозува здравјето.
„Добра работа е тоа што Диего е свесен и цврст“, кажа менаџерот и адвокат Матијас Морла за „Би-би-си“.
Само неколку најблиски пријатели ќе можат да го посетат 60-годишниот Марадона во центарот за рехабилитација.
Да потсетиме, Марадона на 2 ноември беше примен во болница во Ла Плата поради дехидратација и знаци на депресија, а по детални прегледи беше забележано крварење во неговата глава.