Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Македонските кошаркарки денеска од 15.30 часот ќе се соочат против Хрватска, а девојките се подготвени за големиот предизвик кој им следи во квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2021 година.
Овој пат ќе се игра на различен начин, т.е. во „балон“ во Рига, а селекторот Владимир Ѓоровиќ пред мечот кажа дека ќе се обидат репрезентативките да се покажат во најдобро светло.
Македонија е засилена со американската кошаркарка Девана Бонер, па се очекува да биде една од предводничките на оваа селекција.
„Очекувањата се многу подобро отколку претходно. Противниците почнаа да нè респектираат. Треба да бидеме во мечот, да нема празни минути“, кажа Ѓорѓовиќ пред натпреварот против Хрватска.