Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул се соочува со големи проблеми во одбраната затоа што им се повредени неколку фудбалери, но и покрај тоа шампионот нема намера да се засили со дефанзивец во јануари.
Тренерот Јирген Клоп има проблеми во одбраната поради повреди, односно најпрво отпадна од конкуренција Вирџил Ван Дајк, а потоа и Џо Гомез.
Ливерпул се поврзуваше со многу фудбалери, а најмногу се зборуваше дека ќе се засилат со Дајот Упамекано, но сепак такво нешто најверојатно нема да се случи.
Новинарот Дејвид Орнстајн објави дека Клоп нема да купи нов дефанзивец во јануари, зашто така би си ги расипал плановите за следното лето.
Клоп најверојатно ќе се обиде со алтерантивни решенија да ја „закрпи“ дупката во одбраната, па останува да видиме дали тоа ќе биде ефикасно.