Дополнителен мотив за успех: Ѓоковиќ ќе сруши три рекорди на Федерер ако победи во Лондон!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ го почна Мастерсот во Лондон со победа против Диего Шварцман со 2-0 во сетови и ја брка шестата титула во Лондон.

Ѓоковиќ, доколку го освои турнирот во Лондон, ќе урне три рекорди на Роџер Федерер. За еден веќе долго време се зборува, а тоа е бројот на недели поминати на првото место на АТП-листата.

Исто така, би делел рекорд со Федерер доколку го освои шестиот трофеј на турнирот, но доколку му успее тоа, тогаш Србинот ќе стане најстар тенисер кој го освоил Завршниот турнир.

Федерер овој рекорд го држи веќе девет години. Тој во далечната 2011 година го освои трофејот на 30 години, а ако му успее тоа на Ѓоковиќ, рекордот ќе се помести на 33 години.

Овој рекорд може да го урне и Рафаел Надал доколку победи во Лондон, откако во јуни наполни 34 години.