Одбраната на Борко Ристовски се најде меѓу најдобрите во ЛШ ?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот голман Борко Ристовски имаше една од најдобрите интервенции во петтото коло од ракометната Лига на шампиони на мечот против Кјелце во Скопје, кој го загубија со 29-33.

Голманот на „црвено-црните“ одбрани неверојатен шут на почетокот на натпреварот, па така таа беше избрана за петта најдобра на колото.

Вардар го запиша вториот пораз во елитното натпреварување, откако претходно загуби и од Мешков Брест.