Ужасни вести од Каталонија: Пике дозна колку време ќе паузира!


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Барселона ги потврди црните прогнози на медиумите за повредата на Жерар Пике, па дефанзивецот ќе мора да паузира од три до пет месеци, откако ги истегна лигаментите на десното колено.

Дефанзивецот мораше со помош на медицинската екипа да го напушти теренот во Мадрид и веднаш сите се посомневаа на сериозна повреда, а тоа го покажаа и повторените снимки.

Ова е дополнителен удар за каталонскиот гигант, со оглед на тоа дека од претходно тренерот Роналд Куман не може да смета на неколку фудбалери во одбраната.