Ибрахимовиќ е главен во Серија А: Милан им одржа лекција на Гатузо и Наполи ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ покажа уште еднаш дека е вистински лидер на Милан, откако постигна два гола против Наполи за победа на „росонерите“ од 3-1 и ги врати на чело на табелата во Серија А.

Ибрахимовиќ во 20. минута го пронајде патот до мрежата на Наполи за 1-0, а во второто полувреме, односно во 54. минута зголеми на 2-0.

Дрис Мертенс го одржа Наполи во живот со неговиот гол во 63. минута од натпреварот, но само две минути подоцна Тимуе Бакајоко доби втор жолт картон, па мораше порано да го заврши мечот.

Уште неколку шанси беа создадени до крајот на натпреварот, а Јенс Хауге погоди за 3-1. Вреди да се спомене дека македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во игра во 90. минута.

Милан по осум одиграни меча се наоѓа на првото место на табелата со 20 бодови, односно два повеќе од Сасуоло, три повеќе од Рома и четири повеќе од Јувентус.