Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп конечно доби убави вести по триумфот против Лестер од 3-0 во Премиерлигата.
На последните тестирања Мохамед Салах имал негативен резултат, па тоа значи дека би можел да биде во конкуренција за мечот против Аталанта.
Египќанецот мора да мине низ тестот на УЕФА ако сака да игра против италијанскиот тим во Лигата на шампиони, но германскиот експерт е убеден дека ќе може да смета на Салах.
Салах се зарази во Египет за време на репрезентативната пауза, откако без никаква одговорност замина на свадба кај неговиот брат на која танцуваше без никаква заштита, а притоа и се поздрави со голем број гости, кои ги имаше вкупно 800 на прославата.