Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Цел свет тагува по легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона. Таман кога сите помислија дека Аргентинецот ќе се врати во нормала по операцијата на неговата глава, се случи непосакувано сценарио, а тоа е срцев удар.
Сите се збогуваат со Аргентинецот преку социјалните мрежи, а Аргентина прогласи и тридневна жалост.
На Твитер може да се пронајде една негова интересна изјава, кога одговори на прашањето што сака да биде ако повторно се роди.
„Кога ќе заминам од овој свет, сакам да се родам повторно и да бидам фудбалер. И секако, сакам да бидам Диего Армандо Марадона. Јас сум човек кој донесе радост на многу луѓе и тоа е доволно за мене“, кажа Марадона.