Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неврохирургот Леополдо Луке уште не е обвинет за било што, иако сега се води истрага против него. Обвинителството има намера да потврди дали докторот не бил внимателен во лекувањето на Диего Марадона, кој почина од срцев удар.
Медицинската сестра која беше задолжена за грижа на Марадона, Дајана Жизела призна дека ја натерале да напише лажен извештај за компанијата во која работела, каде што е објавено дека се обидела да го прегледа Марадона, но го оставила да се одмори.
„Немаше медицинска грешка. Тоа беше срцев удар на пациентот“, се бранеше неврохирургот.
Сепак, има доктори кои сметаат дека Марадона не добил соодветни лекови за срцето.
„Диего имаше проблеми со срцето, но за тоа никогаш не добил лекови“, обвинува аргентинскиот медиум „Кларин“.