Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Ливерпул, Тијаго Алкантара нема да се врати на теренот до крајот на оваа година, а таа информација ја потврди германскиот тренер Јирген Клоп.
Клоп кажа дека очекува Шпанецот да се врати дури во 2021 година, откако го повреди коленото пред еден месец.
Алкантара од тогаш е надвор од терените, а во Ливерпул веќе имаат сериозни проблеми со повредите, па сега ги очекува и дуел со Ајакс во Лигата на шампиони.
Точниот датум на враќање на Алкантара е крајот на јануари 2021 година. Да потсетиме, поранешниот член на Баерн Минхен претходно беше позитивен на ковид-19.