„Дресот на Марадона нема да го продадам ниту за милион евра!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона почина минатата среда и го потресе светот, па голем број личности се збогуваа со него.

Англиските медиуми објавија дека поранешниот англиски репрезентативец, Стив Хоџ го има дресот на Марадона од мечот против Аргентина во 1986 година и сака да го продаде.

Марадона во тој дрес постигна два неверојатни гола, и тоа со „божјата рака“ и потоа го издрибла цел состав на англиската селекција.

Хоџ призна дека добил голем број понуди, но исто така порача дека нема намера да го продаде дресот на Марадона.

„Го имам тој дрес 34 години и никогаш не сум помислил да го продадам. За мене тој има неверојатна сентиментална вредност. Луѓето ме бараат, ми доаѓаат на врата, не е тоа баш пријатна ситуација. Се појави лажна вест дека барам милион или дури и два милиони фунти за него. Тоа не е точно, дресот не е продажба по никоја цена“, кажа Марадона.