Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилската легенда Пеле со емотивно писмо уште еднаш се збогуваше со Диего Марадона, една недела откако Аргентинецот почина од срцев удар.
Пеле и тој со децении се бореа за наградата – најдобар во историјата, а нивните успеси ќе се раскажуваат уште долго време.
„Пред седум дена ти замина. Многу луѓе направија споредби меѓу нас. Ти беше гениј, кој го воодушеви светот. Магионичар со топката. Вистинска легенда. Но, за мене засекогаш ќе бидеш голем пријател, со огромно срце. Знам дека светот би бил многу подобар ако луѓето престанат да споредуваат и почнат да ни се восхитуваат уште повеќе. Сакам да кажам – ти не можеш со никого да се споредиш. Твоето предвремето заминување ме спречи да ти кажам, но сега ќе ти пишам: Те сакам, Диего. Мој мил пријателе, ти благодарам“, напиша Пеле.