Михајловиќ: Некој ме шпионира, ама ќе дознаам кој е и ќе го обесам!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синиша Михајловиќ, тренерот на Болоња испрати јасна и неочекувана порака пред натпреварот кој неговиот тим ќе го игра против Интер.

Болоња во сабота ќе го пречека Интер во 10. коло од Серија А против клубот од Милано, а Михајловиќ пред новинарите кажа дека не е задоволен поради фактот дека неговите одлуки и потези некој им ги открива на ривалите.

„Пробав нова формација за да проверам кој ги открива тајните на новинарите. Го направив тоа намерно. Истражувам и ќе најдам кој е, а кога ќе го најдам, ќе го обесам и нема никогаш повеќе да заигра. Да се разбереме, сега не знам кој е…“, вели Михајловиќ.