Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и фудбалер на Лидс, Езгјан Алиоски даде изјава пред вечерашниот дуел против Челси во Премиерлигата.
Алиоски вели дека Лидс не се плаши од гигантот, кој сезонава ќе биде во конкуренција за сите трофеи, меѓу кои и тие најголемите, во Премиерлигата и Лигата на шампиони.
„Челси е голем клуб, со големи фудбалери, но не им се плашиме. Ги гледавме во ЛШ, ова е тим кој ја освојувал Прфемиерлигата, но за нас е шанса да видиме до каде сме во моментов. Мислам дека покажавме карактер и квалитет против Ливерпул, Манчестер сити, Арсенал, Евертон, па може да покажеме и сега против Челси. Имаме самодоверба, може д аги изненадиме“, вели Алиоски.