Ибрахимовиќ сакал да се пензионира, но еден човек го предомислил!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ сезонава игра одлично во дресот на Милан, иако има 39 години. Тој досега одигра 10 натпревари и успеа да постигне 11 голови.

Ибхраимовиќ се врати на почетокот на годинава во Милан како слободен фудбалер, но потпиша договор само на шест месеци. Тој сакал на лето да се пензионира, но потоа се предомислил.

Швеѓанецот откри дека минатото лето бил решен да се пресели во Шведска, но Стефано Пиоли го убедил да ја смени одлуката.

„Му кажав дека заминувам затоа што сакам да живеам со семејството во Шведска. Пиоли ми кажа дека ја почитува одлуката, а следниот ден повторно ми се јави и ми кажа дека премногу лесно ме пуштил и дека не може да остане на тоа, па ми кажа дека Милан не би бил тоа што е без мене. Му се јавив на Рајола и му кажав да го продолжи договорот“, вели Ибрахимовиќ.