Зидан може да биде среќен: Рамос се враќа побрзо од очекуваното!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан доби добри вести од медицинските лица во клубот, откако капитенот Серхио Рамос доби зелено светло да се врати на теренот, и тоа на дуелот од Лигата на шампиони против Борусија Менхенгладбах.

Рамос е еден од најважните фудбалери на „кралевите“, па откако не игра тој, Реал запишува само лоши резултати, со исклучок на победата против Севиља.

Рамос би требало да се врати во среда на натпреварот против Борусија, каде што ќе игра заедно со Рафаел Варан, додека Начо ќе се пресели на клупа.

Шпанскиот дефанзивец досега пропушти неколку натпревари, а дефинитивно ќе биде огромно засилување во дуелот против Борусија, кој е од голема важност за пласман во нокаут-фазата на елитното натпреварување.