Јувентус најде замена за Кјелини во тимот на Барселона?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус во јануари ќе се обиде да најде замена на Џорџо Кјелини, а прв избор е Самуел Умтити од Барселона, барем така пишуваат италијанските медиуми.

Французинот сезонава нема одиграно ниту минута и каталонскиот гигант е подготвен да го продаде со цел да се ослободи од неговата плата.

Барселона за слободата на Умтити бара само 15 милиони евра, па Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го донесе Французинот во своите редови.

„Бјанконерите“ веруваат дека Умтити ќе биде идеален наследник на Киелини, кој ја игра последната сезона во кариерата.

27-годишниот Французин изминатите две сезони имаше проблем со повредите, но во Јувентус веруваат дека ќе биде добра инвестиција и дека може да игра на високо ниво уште неколку сезони.