Тикет на денот (среда, 09.12.2020)


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Вечер завршува групната фаза на ЛШ, па ќе дознаеме кои екипи ќе играат во нокаут фазата која продолжува на пролет. Ова е нашиот предлог тикет за денес.

Манчестер Сити – Марсеј – 1/1 @ 1.90 во 1xBet

Иако бодовите од овој натпревар им се значително поважни на гостите, немаме дилема кој е фаворит на овој дуел. За разликата во квалитетот доволно зборува исходот од првиот натпревар во кој Сити славеше со 3-0 на Велодром. Од друга страна Марсеј игра одлично во француската Лига 1 и после 13 кола се наоѓаат на 4-то место на табелата. Сити на овој натпревар најверојатно ќе одмори некои фудбалери, но Гвардиола во секој случај има квалитетен состав за да ги победи Французите. Наш предлог е 1/1 со квота 1.90 во 1xBet.

Ридинг – Бирмингем – 1 @ 2.15 во Bet365

Без прекин се игра во англискиот Чемпионшип. Пред нас е 17-то коло од најјаката втора лига на светот. После фантастичниот старт и убедливото прво место, екипата на Ридинг влезе во лоша форма и падна на третата позиција. Сега ги очекува меч со Бирмингем, тимот кој на гости игра доста незгодоно. Бирмингем има осум натпревари на гости, а изгуби само еден. Сепак овде домаќините ја имаат улогата на фаворит и очекуваме победа за нив. Наш предлог е 1 со квота 2.15 во Bet365.

ВКУПНО КОЕФИЦИЕНТ ЗА ОВОЈ ТИКЕТ ВО Bet3654.09

Извор: Тикет на денот од Kladenje.mk