Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер Јунајтед испадна од Лигата на шампионите и ќе мора да игра во Лигата на Европа, а нивниот поранешен тренер Жозе Мурињо смета дека „црвените ѓаволи“ сега се главни фаворити во тоа натпреварување.
Манчестер Јунајтед синоќа беше поразен од Лајпциг и не успеа да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампиони. Сега, „црвените ѓаволи одат во Лига Европа, каде што може да се сретнат со Тотенхем.
„Манчестер Јунајтед сега стануваат еден од фаворитите за титулата во ова натпреварување. Сите кои ќе дојдат од Лигата на шампионите се силни и обично не припаѓаат на нивото од Лига Европа. Јунајтед се еден од врвните тимови. Групата беше тешка со Пари Сент Жермен и Лајпциг. Знаевме дека нема да биде лесно за нив“, кажа Мурињо.