Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше горд на својата екипа поради победата во големото дерби против Атлетико Мадрид во рамки на 13. коло од Ла Лига.
Фудбалерите на „кралскиот тим“ победија во дербито во Мадрид против Атлетико со 2-0, а Зидан кажа дека неговиот ривал бил фаворит во мечот.
„Цел натпревар ме направи среќен, баш како пред некој ден во Лигата на шампиони, и тоа против Атлетико кој 26 меча беше без пораз. Вршевме добар притисок по цел терен и не попуштивме. Имаа само една шанса преку Саул, но ние добро го контролиравме натпреварот“, порача Зидан.
Иако неговиот тим беше во криза и за малку ќе испаднеше од ЛШ, сепак успеа да се пласира во осминафинале.
„Не знам. Најважно е да верувате во тоа што го правите. Најважно е фудбалерите да веруваат. Покажавме дека Реал Мадрид знае како се игра. Постојат работи кои ве болат, но ве прават посилни, критиката е дел од фудбалот“, кажа Зидан.