Уште една фудбалска легенда почина во оваа малерозна 2020 година!

Денеска пристигнаа нови тажни вести од Франција, откако поранешниот тренер на Ливерпул, Жерар Улие почина на 73 години.

Улие имал операција на неговото срце пред неколку месеци, но засега не е позната причината поради која го загуби животот и тоа ќе биде откриено во следните денови.

Французинот беше на кормилото на Ливерпул во период од 1998 до 2004 година, а во 2001 година на „Енфилд“ ги донесе титулите од Лига Купот, ФА Купот и УЕФА Купот.

На почетокот на 90-тите години беше и тренер на репрезентацијата на Франција. Последниот ангажман како тренер го имаше во Астон Вил пред десетина години. Го водеше и Лион со кој два пати ја освојуваше Лига 1.