Грчкот Антетокумпо го доби најбогатиот договор во историјата на НБА-лигата!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Грчкиот кошаркар Јанис Антетокумпо ќе остане дел од Милвоки бакс и ќе го потпише најголемиот договор во историјата на НБА-лигата.

Талентираниот кошаркар сакаше да го напушти Милвоки поради тоа што неговиот тим нема конкурентен состав за борба за шампионскиот прстен, но екипата не сакаше да се откаже од него.

По долги преговори беше постигнат договор меѓу двете страни, а Јанис ќе потпише петгодишна соработка во вредност од неверојатни 228 милиони долари, а во просек по сезона ќе заработува 45,6 милиони долари.

Антеткумпо со новиот договор ќе ги надмина и ѕвездите на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс и Дамиен Лилард, кои ќе земаат помала плата од него.