Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо повторно имаше специјална изјава пред големото дерби против Ливерпул во Премиерлигата, а ја коментираше и ситуацијата со повредите во двата тима, која е загрижувачка.
Ливерпул има големи проблеми сезонава со повреди, па сега во „аут“ се Ван Дајк, Џо Гомез, Жота, Алкантара, Наби Кеита, Милнер, Шаќири и Цимикас.
„Мислам дека Алисон не е повреден. Арнолд не е повреден. За Матип верувам дека ќе игра. Фабињо не е повреден, Робертсон не е повреден. Хендерсон и Ванијладум не се повредени. Салах исто. Фирмино не е повреден, Мане не е повреден. Ван Дајк е повреден и тој е одличен играч. Погледнете го списокот на повредени во Ливерпул и споредете го најдобриот тим. Во Ливерпул во овој момент проблем е само повредата на Ван Дајк“, кажа Мурињо.