Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ неодамна кажа дека ќе се бори заедно со Милан за освојување на Скудетото, иако е свесен дека ги чека долг пат и уште многу натпревари.
Ибрахимовиќ ја „запали“ спортската јавност со неговата изјава, па сега тренерот Стефано Пиоли реши да реагира на тоа и да ги смири страстите кај „росонерите“ затоа што тој имал поинакви цели сезонава.
„Ибрахимовиќ има право да размислува за тоа, но реалноста е дека Милан одамна не играл во Лигата на шампиони. Сакаме да бидеме подобри од минатата сезона и да го вратиме тимот во ова натпреварување. Резултатите ни ја кренаа самодовербата“, вели Пиоли.