Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ се врати на тренингот на Милан, но неговото враќање на теренот не е сигурно до крајот на годинава.
Искусниот 39-годишен фудбалер игра феноменално, па веќе две недели е надвор од теренот порада на бутниот мускул, а денес го одработи првиот тренинг со остатокот на екипата.
„Скај Спорт Италија“ пишува дека проблемите со повредата продолжиле на денешниот тренинг и постои можност Ибрахимовиќ да не се врати на теренот до почетокот на 2021 година.
„Росонерите“, наводно, не сакаат ништо да ризикуваат, па најверојатно Ибрахимовиќ ќе го гледаме во акција на 3 или 6 јануари во натпреварите кои Милан ги игра против Беневенто и Јувентус.