Салах најави дека ќе го напушти Ливерпул!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Една од најголемите ѕвезди на актуелниот англиски шампион Ливерпул, Мохамед Салах даде интервју за шпански „АС“ и индиректно најави дека би можел да си замине од премиерлигашот.

Шпанскиот новинар му постави прашање за неговата иднина, односно дали би сакал да игра за Реал Мадрид или Барселона, а Египќанецот кажа дека никогаш не се знае што носи иднината.

„Во моментов сум фокусиран на Ливерпул, иако тоа се гиганти и никогаш не знаеме што ни носи иднината. Меѓутоа, сакам да освојам уште едно првенство и Лига на шампиони со тимот“, кажа Салах.

Новинарот го праша и дали Салах планира да замине од Ливерпул, а тоа Египќанецот не го демантираше со неговата изјава.

„Ова е навистина тешко прашање. Можам да ви кажам дека клубот ќе реши, мојата иднина е во нивни раце“, порача Салах.

Салах пристигна во Ливерпул за 42 милиони евра од Рома во 2017 година, а сигурно премиерлигашот би заработил многу повеќе пари кога би решил да го продаде.