Перез е на потег: Зидан не преговара за нов договор!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кажа дека во моментов не преговара со управата на шпанскиот гигант за нов договор.

Зидан се врати во Мадрид во 2019 година и потпиша тригодишна соработка до 2022 година, па во моментов не преговара за нов договор.

„Не преговараме, имам договор до 2022 година и нема да барам ништо. Секој момент во овој клуб е прекрасен и среќен сум што сум дека од најдобриот клуб на светот“, кажа Зидан.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Зидан може да го напушти Реал Мадрид и пред истекот на договорот. После лошиот старт на сезоната, Реал во последно време игра се подобро и се наоѓа во серија на добри резултати.