Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во европските земји и Америка не го сакаат баш српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, посебно откако организираше турнир на кој се заразија неколку тенисери.
Токму поради тоа британскиот „Дејли Мејл“ го прогласи „Ковидидиот“ на годината. Споменатиот медиум тврди дека конкуренцијата била голема, но дека Новак на крајот победил.
„Само Ѓоковиќ може да ја забие топката во лице на линиски судија на УС Опен, но тоа не беше најконтроверзен момент во годината. Тој покрај тоа организираше Адрија Тур на Балканот додека имаше карантин и со тоа го однесе првото место за на раглистата за ‘Ковидидиот’“, пишува британскиот весник.