Алиоски: Ми се остварија двете најголеми желби – Премиерлига со Лидс и ЕП со Македонија!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски имаше две желби годината и му се исполнија и двете, а во интервју за швајцарските медиуми откри кои се тие.

Алиоски сакаше да заигра со Лидс во Премиерлигата и таа желба му се исполни, а потоа обезбеди и пласман на Европското првенство (ЕП) со Македонија.

„Пред да дојде вирусот, јас имав две желби, да играм со Лидс во Премиерлигата и со Македонија ЕП. И двете желби ми се остварија. Само жал ми е што не можевме да прославиме со навивачите, иако луѓето излегоа на улица“, кажа Алиоски.