Mанчестер јунајтед тргна во лов на Давид Алаба, испратена е првата понуда!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ја испрати првата официјална понуда за австрискиот фудбалер Давид Алаба. Одличниот 28-годишен дефанзивец не успеа да се договори со Баерн Минхен, па кариерата ќе ја продолжи на друго место.

Интерес за неговите услуги постои од многу екипи, а се поврзуваше со трансфери во Манчестер сити, Челси, Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус и Барселона.

Шпански „АС“ објави дека раководството на „црвените ѓаволи“ го контактирало менаџерот Пини Захави и му ја соопштиле понудата, која засега останува тајна.

Алаба од Баерн бараше плата од речиси 25 милиони евра со бонуси, а тоа Баварците не сакаа да му го дадат, па затоа на крајот реши да го напушти германскиот шампион.