Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед славеше против Евертон во рамките на Лига Купот, но во центар на внимание е една ситуација во која главна улога имаа Едисон Кавани и Јери Мина.
Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ почна да го дави дефанзивецот на Евертон, а главниот судија не го казни тоа. Во Лига Купот нема ВАР-технологијата, па тие не можеа ниту да погледнат повторена снимка.
Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер зборуваше за инцидентот по натпреварот и кажа дека не постоел никаков прекршок.
„Немаше никаков прекршок. Два играчи кои претходно воделе битки во натпреварите од Копа Америка и тоа е тоа. Ова беше одличен натпревар, со навивачи и шанси на двете страни“, кажа тренерот на Манчестер Јунајтед.